Град Скопје ги отвори понудите од превозниците


Вчера во Град Скопје почна отворањето на пријавите од приватните превозници кои пристигнаа на јавниот повик за 16 линии, поделени во три пакети. Превозниците аплицирале со три новорегистрирани фирми за трите пакети за кои има потреба од дополнителен автобуски превоз, па ќе се изберат тие кои ги исполнуваат условите и критериумите од огласот кој заврши …

Град Скопје ги отвори понудите од превозниците Read More »

Арсовска повторно ќе бара поддршка од советниците за набавка на еко-автобуси


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ќе се обиде од советниците да добие поддршка за набавка на еколошки автобуси. На дневен ред на седницата на Советот, која е закажана за 30 април, повторно ќе се најде предлогот за долгорочно задолжување на Град Скопје кај домашна банка за купување нови автобуси. Советот на Град Скопје првиот …

Арсовска повторно ќе бара поддршка од советниците за набавка на еко-автобуси Read More »

На секоја седница на Советот на Град Скопје ќе се најдат 50-те автобуси


Градоначалничката Данела Арсовска не се откажува од намерата да ги убеди советниците дека е  потребно да се обезбедат нови автобуси со пари од градскиот буџет. Откако тие на една од претходните седници на Советот на Град Скопје не изгласаа ваква одлука, таа денеска изјави дека педесетте автобуси ќе бидат точка на дневен ред на Советот …

На секоја седница на Советот на Град Скопје ќе се најдат 50-те автобуси Read More »

На вонреден технички преглед пратени се 200 автобуси и други возила – во што се возиме?


Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници во текот на вчерашниот ден во периодот од 8 до 12 часот, санкционирани се 32 прекршоци, од кои 19 поради неисправен уред за запирање.   Како што денеска информираа од …

На вонреден технички преглед пратени се 200 автобуси и други возила – во што се возиме? Read More »

За Задушница, зголемен број градски автобуси


Ве информираме дека порадиверскиот  празник Задушница, во петок и сабота (17 и 18.02.2023 година), на редовните линии 59 (Карпош3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче – Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода – Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси. ВОЗЕН РЕД – петок (17.02.2023 год.)  Линија 59 Од Карпош 3: 6.20 …

За Задушница, зголемен број градски автобуси Read More »

Советот на Скопје го одби барањето на Арсовска за кредит од 10 мил. евра за нови автобуси


  Со 15 гласа „за“, еден против и 18 „воздражни“, советниците на Град Скопје, на денешната седница, не го поддржа предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за задолжување со кредит кај домашна банка за набавка на нови еколошки автобуси за градскиот сообраќај.  Советниците од СДСМ кои се во опозиција беа воздржани, а појаснија дека не можат …

Советот на Скопје го одби барањето на Арсовска за кредит од 10 мил. евра за нови автобуси Read More »

Арсовска бара одобрување 10 милиони евра кредит за 50 нови автобуси


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во пресрет на денешната седница на Советот на Град Скопје ги повика советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржат точката за купување на нови еколошки автобуси. – На денешната седница на Советот е предложена точка до советниците за набавка на нови еколошки автобуси, поради тоа упатувам апел до …

Арсовска бара одобрување 10 милиони евра кредит за 50 нови автобуси Read More »

Истече рокот за конкурсот на Град Скопје за приватни превозници за автобуските линии 20 и 22


Рокот за јавниот повик на Град Скопје за приватни автобуски превозници на линиите со број 20 и 22 истече денеска во 12 часот. Од Град Скопје за МИА велат дека резултатите ќе бидат соопштени откако ќе истече рокот, како и по неколку дополнителни денови поради чекање на евентуални пријави по пошта. Повикот беше објавен пред …

Истече рокот за конкурсот на Град Скопје за приватни превозници за автобуските линии 20 и 22 Read More »

Електрични градски автобуси во Струмица


На крајот на оваа година или на почетокот на наредната се очекува по струмичките улици да сообраќаат првите електрични автобуси. Со нив ќе стопанисува ЈП „Струмица гас“ за да се избегне отворање на ново локално јавно претпријатие. Постапката за воведување електричен јавен превоз, Општина Струмица ќе ја започне годинава. Општинските власти веќе го изработуваат проект …

Електрични градски автобуси во Струмица Read More »

Град Скопје со оглас за автобуси и возачи за линиите 9,11 и 12


Нов оглас за избор на приватни превозници за реализирање на јавниот превоз во Скопје објави Градот. Огласот се однесува на линиите 9, 11 и 12 . Според огласот, за линијата 9 се бараат 15 автобуси и 31 возач, за линијата 11 се бараат 5 автобуси и 10 возачи, а за линијата 12 се потребни 8 …

Град Скопје со оглас за автобуси и возачи за линиите 9,11 и 12 Read More »

Ленин: Се повлекуваат автобусите од блокадите, ќе се даде простор на дијалогот


  Протестите прекинуваат и после оваа прес-конференција автобусите се повлекуваат од блокадите. Ќе му се даде простор на дијалогот што го предложи премиерот Димитар Ковачевски, информира попладнево во изјава за медиумите Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“. Ленин соопшти дека по прес-конференцијата ќе изготват ново барање коешто, како што рече, ќе биде во контекст на …

Ленин: Се повлекуваат автобусите од блокадите, ќе се даде простор на дијалогот Read More »

Автобусџиите најавуваат радикализација на протестите ако не се сретнат со премиерот


Приватните автобуски превозници информираа дека нивните автобуси засега остануваат паркирани на булеварот „Илинден” пред Градот Скопје. Тие се се надеваат на средба со премиерот Димитар Ковачевски, на која ќе зборуваат за актуелната состојба. Доколку не се оствари средбата, можно е и да се радикализираат протестите. -Не знаеме кога ќе бидеме повикани. Тоа е на нив, …

Автобусџиите најавуваат радикализација на протестите ако не се сретнат со премиерот Read More »

Продолжуваат блокадите на „Илинденска“, граѓаните поканети да ги посетат нивните автобуси


Приватните автобуски превозници попладнево за МИА информираа дека нивните автобуси засега остануваат паркирани на булеварот „Илинден“ пред Градот Скопје. – Секој што сака да го донесе своето дете или внуче, да ги разгледаат автобусите внатрешно, да седнат на возачкото столче, да свирнат со сирените на автобусите, да го држат воланот во рацете, да се почувствува …

Продолжуваат блокадите на „Илинденска“, граѓаните поканети да ги посетат нивните автобуси Read More »

Се повлекуваат приватните автобуси од пред „Мавровка“, блокадата продолжува на „Илинденска“ пред Град Скопје


 Во тек е преместувањето на приватните автобуски превозници од пред ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст. Како што изјави за МИА Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“, блокадата на  две третини од превозниците е поместена пред Град Скопје при што се блокирани лентите на булевар „Илинденска“ на потегот од Фонтана, па се до крстосницата до ГОБ „8 …

Се повлекуваат приватните автобуси од пред „Мавровка“, блокадата продолжува на „Илинденска“ пред Град Скопје Read More »

Автобусите од Железничка, преку „Пластичарска“ до Центар


Приватните автобуски превозници на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ веќе втор ден оваа недела протестираат со блокади на три важни сообраќајни точки во Скопје. Тие очекуваат решение за нивните барања, односно да се подмири или евентуално да се почне подмирувањето на долгот што Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие го има кон нив. Денеска, автобусите од …

Автобусите од Железничка, преку „Пластичарска“ до Центар Read More »

Во Скопје посебен режим на сообраќај


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска поради најавено одржување на протест, со почеток во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот. Посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на бул. „Илинден“ – од крстосницата на бул. „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“, до крстосницата …

Во Скопје посебен режим на сообраќај Read More »

Блокадата кај „Мавровка“ времено отстранета


  Со оглед на информацијата од МВР дека утре доаѓа висока делегација од Германија на чело со претседателот ги замолив превозниците да покажат со гест дека не сакаат да го нарушат угледот на државата и да не ги отежнат безбедносните протоколи, да се повлечат од блокадите во период на присуство на делегацијата односно до четврток, …

Блокадата кај „Мавровка“ времено отстранета Read More »

Приватните превозници ги паркираа автобусите пред Град Скопје


Приватните превозници паркираа дел од своите автобуси пред бараките на Град Скопје на булеварот „Илинден“, откако вчера од „Слобода превоз“ објавија дека стапуваат во штрајк. Во моментов блокирана е само една од лентите на булеварот, а во наредните денови, како што вчера најавија, се размислува и за блокада на улици. Приватните превозници кои се дел …

Приватните превозници ги паркираа автобусите пред Град Скопје Read More »

ЈСП ги презеде линиите на „Слобода превоз“


Автобуси на ЈСП Скопје на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 сообраќаат редовно и без задоцнување.  „Приватниот превозник „Слобода превоз“ има обврска да ги почитува договорените обврски од јавен интерес. Во последниот месец се оценува квалитетот на работењето на приватнитте превозници согласно индикаторите за квалитет на работењето (редовност, хигиена, валидација на билети) поради се …

ЈСП ги презеде линиите на „Слобода превоз“ Read More »

Од утре и автобусите на „Слобода превоз“ нема да возат


Скопјани утре треба да се снајдат како ќе стигнат на работа, затоа што  проватниот превозник „Слобода превоз“ почнува со штрајк и десет линии со кои тие оперираат нема да возат по градските улици. Причина за овој штрајк е лошата финансиска состојба на сопствениците на автобусите, бидејќи со месеци се без плата, а ЈСП не го …

Од утре и автобусите на „Слобода превоз“ нема да возат Read More »