Град Скопје со оглас за автобуси и возачи за линиите 9,11 и 12


Фото: Б. Грданоски

Нов оглас за избор на приватни превозници за реализирање на јавниот превоз во Скопје објави Градот. Огласот се однесува на линиите 9, 11 и 12 .

Според огласот, за линијата 9 се бараат 15 автобуси и 31 возач, за линијата 11 се бараат 5 автобуси и 10 возачи, а за линијата 12 се потребни 8 автобуси и 18 возачи.

Претходно Град Скопје распиша оглас и за линиите 20 и 22.

Со двата огласи на Градот му се потребни 48 автобуси и 103 возачи.

Овие огласи се распишуваат откако Градот им ги раскина договорите на возачите од компаниите „Макекспрес“ и „Слобода превоз“, по што двете компании го блокираа Скопје со барање да им се исплатат договите што кон нив ги има ЈСП.

Деновиве треба да се одржи средба на претставници од двете компании со премиерот Димитар Ковачевски на која треба да присуствува и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.