Електрични градски автобуси во Струмица


На крајот на оваа година или на почетокот на наредната се очекува по струмичките улици да сообраќаат првите електрични автобуси.

Со нив ќе стопанисува ЈП „Струмица гас“ за да се избегне отворање на ново локално јавно претпријатие.

Постапката за воведување електричен јавен превоз, Општина Струмица ќе ја започне годинава. Општинските власти веќе го изработуваат проект со можните лини, автобуски постојки, моделот на наплата.

Имено, на лизинг се планира да се набават десетина електрични автобуси кои ќе се користат и за превоз на учениците.

Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов вели дека автобусите ќе се исплаќаат од блок дотациите за превоз на учениците.

Неодамна, по стурмичките улици се организираше тест возење со електричен автоубас. Сообраќајниот инжинер Миле Ѓеоргиев смета дека Струмица има соодветна инфрастурктура за вакво тип превоз кој би бил далеку поефтин од автобуси на фосилни горива.

За воведување електричен јавен градски превоз зелено светло дадоа и струмичките советници, за што издвоиеја 12 милиони денари во Буџетот за годинава. Со проектот се планира да бидат опфатени и населените места од општината.

Проекциите се дека до крајот на годинава би завршила набавката, но и сите законски процедури околу овој проект.