„Суперхерој“ во Виетнам фати дете в раце кое паднало од 12. спрат


Двегодишното дете фатено на снимка пред да падне од балконот

„За среќа, бебето падна во моите раце“, изјави 31-годишен возач на испораки од Ханој, кој се искачил на покрив за да го фати детето

 

Возач на испораки од Ханој стана „суперхерој“ во Виетнам откако спаси двегодишно девојче кое паднало од балкон на 12-ти кат.

31-годишниот Нгуен Нгок Ман седеше во својот автомобил и чекаше да изврши испорачување во 17 часот во неделата, кога слушна дете како плаче, изјави за новинската организација Анинхтудо. Една жена започна да вреска и тој ја извади главата од прозорецот за да види што се случува.

Тој за локалните медиуми во главниот град на Виетнам изјави дека прво помислил дека станува збор за дете кое има напад на плач, но брзо сфатил дека станува збор за нешто друго. Детето било речиси 50 метри над земјата.

„Видов дете како се искачува од балконот“, рече тој. Тој скокнал од својот автомобил и се искачил кон блискиот објект за да се приближи доколку детето падне.

„Се качив на покривот висок два метра за да побарам соодветна позиција за да го фатам девојчето“, рече тој, уште треперејќи од спасувањето, според „Виетнам тајмс“.

Стоејќи на метален покрив што се користи за складирање на генератори, тој го загубил тлото под едната нога кога детето почна да паѓа, изјави за ВН Експрес Интернешнл. Но, се свртел напред за да го фати. Тоа паднало толку силно што оставило вдлабнатина на покривот.

„Се обидов да ја подадам раката и максимално се потрудив да го фатам девојчето“, рече тој, надевајќи се дека барем ќе може да спречи да падне директно на земја.

На видеото од инцидентот направено од блиската станбена зграда, детето може да се види како се качува над оградата на балконот и се префрла на тенок симс. Се слушаат соседите во зградата спроти неа како ѝ викаат. Детето се држи неколку моменти пред да го изгуби стисокот и да падне.

„За среќа, бебето падна во мојот скут“, рече Нгуен. „Набрзина ја прегрнав, потоа видов крв како истекува од устата, бев многу исплашен“.

Детето било пренесено во Националната детска болница каде лекарите им соопштиле на локалните медиуми дека го дислоцирала колкот, но немала други повреди. (Според агенциите)