Суд во Ирска: Лебот за сендвичите „Сабвеј“ не е леб


 Лебот што се користи за американските сендвичи „Сабвеј“ не може да се дефинира како леб, според Врховниот суд на Ирска. Како што се вели во одлуката, причината за тоа е преголемата содржина на шеќеp во него.

Случајот е инициран од компанијата „Букфајндерс Лтд.“, тамошниот оператор за овој синџир ресторани. Тој опфаќа 110 земји во светот. Компанијата инсистираше на тоа дека лебот за сендвичите се вбројува во основни хранливи намирници – и дека не треба да се наплатува ДДВ за него. Според Законот за данок на додадена вредност во Ирска од 1972 година, износот на шеќер во лебот не треба да надминува два отсто.

Во случајов, тоа е петпати повеќе. Уделот на шеќер во овие лепчиња е 10 насто од масата на брашното.

Така, враќањето на „Букфајндерс“ од 9,2 насто ДДВ за периодот од јануари 2004. до декември 2005 година останува неподмирено.

Од „Сабвеј“ остануваат на ставот дека – лебот нивни е, сепак – леб!