Стартува завршниот Мастерс во Торино: Ѓоковиќ игра за историја


Со двата мечеви од групата А (зелена група), се крева завесата на финалниот АТП Мастерс кој се игра во Торино. Најдобрите осум тенисери во 2023 година ќе се борат за најпрестижниот трофеј по четирите Грен слема, а тронот ќе го брани Новак Ѓоковиќ.

Токму Србинот игра за историја во Торино. Ѓоковиќ е голем фаворит за да го крене и овој пехар, а ако му успее тоа ќе стане самостоен најтрофеен играч во историјата на натпреварувањето. Во моментов Ноле е израмнет со Федерер, на по шест трофеи на финалните Мастерси, а годинава има шанса да се етаблира како лидер и во оваа категорија. 

Среќата посака групата А да е релативно полесна, меѓутоа ниту малку наивна. Покрај Ѓоковиќ, во оваа група ќе играат Циципас, Синер и Руне, додека во другата група се два освојувачи на Грен слем трофеи – Алкараз и Медведев, како и Зверев и Рубљев.

Група А:
Новак Ѓоковиќ, Стефанос Циципас, Јаник Синер, Холгер Руне

Група Б:
Карлос Алказар, Даниел Медведе, Андреј Рубљов, Александар Зверев

Мечевите почнуват во 14:30 часот со дуелот на Синер и Циципас, додека од 21 часот играат Ѓоковиќ и Руне.

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го запиша првиот триумф на АТП финалето кое се игра во Торино откако во првиот меч од „Зелената група“ славеше над Гркот, Стефанос Циципас со максимални 2-0 по сетови 6-4 и 6-4.