Србија остана без руската нафта што доаѓа преку нафтоводот ЈАНАФ

Јадранскиот нафтовод добиваше руска нафта во пристаништето Омишаљ на островот Крк во Хрватска. Таа сега не може да оди во Србија поради санкциите на ЕУ


 

Шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија, кои се однесуваат на увоз на сурова нафта по морски пат, ќе ја погоди и Србија, потврдија за телевизијата Н1 од Министерството за рударство и енергетика. Тоа значи дека Нафтената индустрија на Србија (НИС) нема да може да се снабдува руска нафта преку Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ). Според министерството, Србија на пазарот ќе набавува нафта од други земји, а се поставува и прашањето за алтернативни рути, со оглед на тоа што некои земји се изземаа од санкции. Нафтата што Србија ја увезува од Русија покрива 16% од потребите на државата за тој извор на енергија.

Шестиот пакет санкции стапи на сила, а неговиот ефект ќе се знае за шест месеци кога станува збор за суровата руска нафта, а за осум месеци во областа на нафтените деривати. Ова се преодни рокови што им се оставени на земјите-членки на ЕУ да ги спроведат постојните договори и да обезбедат други извори. За Србија нема сомнеж – ќе остане без сурова нафта што се извезува од Русија по морски пат.

„Новиот пакет санкции забранува снабдување со руска сурова нафта преку кое било пристаниште, по морски пат, а НИС се снабдува со сурова нафта што се доставува со танкери до пристаништето Омишаљ. Тоа значи дека нема можност да испорачува повеќе руска сурова нафта во Рафинеријата Панчево, но НИС може да ги увезе сите други видови сурова нафта освен руската, бидејќи веќе увезуваше нафта од Ирак и некои други земји во претходниот период“. се наведува.во соопштението од Министерството за енергетика.

Сепак, ембаргото за руската нафта не важи за сите земји-членки на Унијата. Дали Унгарија, која добиваше сурова нафта преку нафтоводот „Дружба“, може да биде едно од решенијата за Србија?

„Постои искуство дека ЈАНАФ може да преземе количина нафта од системот ‘Дружба’ и да ја транспортира таа нафта до рафинериите во Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија. Оваа околност не е експлицитно спомената во оваа регулатива. Единствен исклучок што се споменува е самата потрошувачка. Тоа е многу рестриктивно за Унгарија, Словечка“, вели за Н1 Александар Ковачевиќ, експерт за енергетика.

Решение би можело да биде и штедењето, вели Ковачевиќ.