Изложбата на илустрации од Литера се сели во Рамстор мол
Скопје, 21 мај: – Со задоволство ве информираме дека изложбата која беше дел од Литера, меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца, се сели во Рамстор мол во центар.
Илустрациите од реномираните турски автори: Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и Мурат Калкаван, како и од домашната минатогодишна наградена илустраторка Наташа Андонова, ќе можат посетителите да ги видат веќе од денес, 21 мај. Изложбата ќе биде отворена во Рамстор мол до средината на јуни.
Овој потег ќе овозможи на многу повеќе посетители да уживаат во прекрасните илустрации и да се запознаат со работата на овие извонредни уметници. Преселувањето на изложбата во Рамстор мол ќе ја донесе уметноста поблиску до јавноста, овозможувајќи на сите љубители на уметноста, но и на оние кои случајно ќе се најдат во молот, да се инспирираат и да уживаат во оваа уникатна поставка. Оваа изложба е ретка можност да се видат дела од интернационални и домашни автори на едно место, при што посетителите ќе можат да ги почувствуваат различните стилови и пристапи во илустрацијата.
Ве покануваме да дојдете и да ја посетите изложбата и да уживате во светот на илустрацијата за деца. Веруваме дека изложбата ќе биде инспиративна и едукативна, и ќе поттикне многумина на креативно размислување и уметничко изразување.
Рамстор мол за прв пат годинава е еден од пријателите на Литера и благодарение на оваа соработка, успеавме да создадеме простор каде што уметноста и литературата се среќаваат, правејќи го фестивалот достапен за пошироката јавност.
„Литера“ е меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца кој се одржува во Скопје. Секоја година, фестивалот го претставува најдоброто од книжевноста и уметноста за деца, креирајќи простор за оригинален концепциски израз.
(Спонзориран текст)