Сопругата на убиениот претседател на Хаити се врати дома по лекувањето на Флорида
Вдовицата на убиениот претседател на Хаити се врати во оваа карипска држава откако се лекуваше на Флорида по раните здобиени при нападот во нивниот дом.
Мартине Моис од авионот излезе со панцир додека повредената рака ѝ беше преврзана.
Атентаторите во нивот дом на 7 јули г убија нејзиниот сопруга Жовенел Моис. Мартине беше повредени во нападот и префрлена на лекување во болница во Мајами на Флорида.
Во Твит еден функционер од Хаити напиша дека таа се вратила во земјата за да се подготви за погребот на сопругот следната недела. Следена од обезбедување, на аеродромот ја дочекаа привремениот претседател Клод Жозеп и други функционери.
Мартине даде неколку коментари од нападот, за кој полицијата обвини странски платеници, повеќето Колумбијци.
Таа од својот болнички кревет сними гласовна порака во која го опиша мометот кога атентаторите го убија нејзиниот сопруг со куршуми откако на сред ноќ им упаднаа дома.
Моис рече дека нападот се случил брзо, а нејзиниот сопруг не изустил ни збор. Порано неделава на Твотер напиша: „Оваа болка никогаш нема да помине“.
Жовенел МОис беше претседател на Хаити, најсиромашната нација во Америка од 2017 година. Неговото време на функција беше тешко затоа што се соочи со обвиненија за корупција, а на почетокот на годинава против него беа раширени демонстрации.
Дописниците велат нека Мартиен како сведок на нападот може да помогне во истрагата да сфатат кој и зошто го изврил атентатот, иако многу детлаи остануваат мистерија.
Полицијата на Хаити вели дека тоа е група на главно странски платеници – 26 Колумбијци и двајца хаиќански Американци.
Најмалку 20 се приведени, тројца уби полицијата, а пет се во бегство.
Полицијата го упаси и докторот од Хаити со седиште во Флорида, Кристијан Емануел Санон, кого го опишаа како „мозок“ на операцијата.