Солидарноста не е она што ѝ треба на Европа


ЈАНИС ВАРУФАКИС

Солидарноста не е само лош аргумент за еврообврзниците; таа е исто така макроекономски ирелевантна политика. Уште полошо, повиците за неа ќе бидат самоуништувачки до тој степен што тие ќе ја поделат Европа понатаму и ќе ја уништат солидарноста онаква каква што е

 

Дури и ако Велика Британија и Америка никогаш не биле навистина поделени со заедничкиот јазик, како што еднаш рече Џорџ Бернард Шо, современата Европа секако е поделена со еден збор што требаше да го претставува основниот камен на Европската унија: солидарноста.

Злобниот демон, кој се обидува да го искористи европското неединство, не можеше да го калибрира подобро начинот на кој Ковид-19 ја погоди Европа. Италија, сè уште најтешко погодена економија на ЕУ, една деценија по кризата со еврото – со најнизок потенцијал за раст, најголем јавен долг, најмалку фискален простор и најкршлива политика – претрпе застрашувачки човечки жртви од пандемијата. Економската експлозија предизвикана од пандемијата ќе ги шири страдањата уште повеќе.

Исто така, Шпанија, чиј народ претрпе ужасна невработеност по кризата со еврото, стана епицентар на корона вирусот. Што се однесува до Грција, иако бројката на загинати, за среќа, е мала, распаѓањето на туристичките приходи, од кои зависи нашата економија, доаѓа на врвот на повеќедецениската криза која веќе нè заглави во депресија што станува здодевна.

Во меѓувреме, земјите со најстроги финансии претрпеа најмалку на здравствените и економските фронтови.

Како што се влоши епидемијата во Европа, девет шефови на влади на еврозоната повикаа на издавање „корона обврзници “ за да се помогне да се шират рамномерно низ цела Европа дополнителните долгови на владите кои ќе ги направат додека се борат да ги заменат исчезнатите приватни приходи. Со оглед на тоа што, за разлика од Јапонија, Велика Британија и Соединетите Држави, на Европа ѝ недостига централна банка способна за директно финансирање на погодените влади, еврообврзниците ќе обезбедат товарот на новиот долг да не падне врз рамениците на оние кои најмалку можат да го поднесат тоа.

Идејата за вакви обврзници не е ниту нова ниту комплицирана. Ново е што, за време на оваа пандемија, повикот за еврообврзници беше споен во однос на солидарноста со погодените јужни нации.

Како што некои антиципираа пред критичните состаноци на Еврогрупата на министрите за финансии на еврозоната, тоа никогаш не можеше да се случи. Предвидливо, на „корона обврзниците“ им беше даден бакнеж на смртта на состанокот на Еврогрупата на 9 април, ставајќи ја идејата за еврообврзници во некој ќош за наредните години, можеби засекогаш.

Исходот не е тешко да се објасни. Деветте шефови на влади се коцкаа со тоа дека нивното прикажување на обврзниците како финансиски олицетворение на европската солидарност ќе го добие денот. Тоа беше лош облог.

Многу е направено за жестокиот отпор кон еврообврзниците од страна на Вопке Хекстра, холандскиот министер за финансии, кој на состанокот стави вето на секоја идеја за модул на заеднички европски долг. Поголемиот дел од коментаторите западно од Рајна и јужно од Алпите го окарактеризираа Хекстра како бездушен северец за кого солидарноста е безначајна. Географската и емотивната поделба на Европа никогаш не била толку остра како што е денес.

За жал, Хекстра е во право: солидарноста е лошо оправдување за еврообврзниците или која било друга форма на меѓусебно разбирање на долгот. Кога среќавам страдални лица или заедници, може да се чувствувам принуден да дадам пари, да понудам засолниште или да дадам голем, долгогодишен евтин заем кога ниту една банка нејќе да помогне. Тоа е солидарност. Но, солидарноста не е, и не може, да ме принуди да одам со нив во долг.

Повикувајќи се на солидарност за да го поддржат нивниот повик за еврообврзници, деветте шефови на влади го изгубија аргументот пред да започнат. Џек нема право да бара од Џил, надвор од солидарност, заеднички да земе заем со него. Дури и Џекк тешко дека ќе помисли дека не е фер оти Џил има право да стави вето на неговиот предлог.

И така, Еврогрупата ги закопа еврообврзниците. Наместо тоа, на погодените земји им беа понуден 27,7 милијарди евра (или 0,22 отсто од приходот од еврозоната) во директна помош и заеми вредни неколку стотици милијарди евра.

Критичарите на „скромните“ северни влади на ЕУ укажуваат на неверојатни разлики. Домашниот фискален стимул на германската влада е импресивен 6,9 проценти од БДП, дури и поголем од оној на САД (5,5% од БДП). Спротивно на тоа, италијанската и шпанската влада, соочувајќи се со здравствените системи и економиите кои се погодени многу пострашно, би можеле да си дозволат фискални стимули од само 0,9 и 1,1 отсто од БДП, соодветно. Дали ова не е доказ за исчезнување на солидарноста?

Можеби е така. Но, да претпоставиме за момент дека, без солидарност, Германија требаше да го сподели својот стимул со јужните земји на кои им недостасуваше фискален простор. Макроекономската придобивка би била занемарлива, затоа што германските пари би се рашириле премногу слабо низ остатокот од еврозоната. Накратко, солидарноста не е само лош аргумент за еврообврзниците; таа е исто така макроекономски ирелевантна политика. Уште полошо, повиците за повеќе од тоа веројатно ќе бидат самоуништувачки до тој степен што тие ќе ја поделат Европа понатаму и ќе ја уништат солидарноста онаква каква што е.

Долго пред да се појави Ковид-19, северноевропејците се плашеа дека задолжените јужњаци бараат изговори за да ги стават своите раце на заштедите на северњаците. Да се предава за значењето на солидарноста, треба да биде засилено ова сомневање. Затоа, задачата за обединување на Европа и спречување на нејзиното распаѓање ќе биде добро послужена со напуштање на разговорите за солидарност и помош и наместо тоа да се зборува за рационалност.

Холандските и германските штедачи треба да сфатат дека нивната заштеда ќе биде многу, многу пониска доколку презадолжените Италијанците, Грците и Шпанците не би го делеле еврото со нив. На крајот на краиштата, јужните дефицити го одржуваат девизниот курс на еврото доволно ниско за Германија и Холандија да го одржат нето-извозот. Според тоа, заслугите на еврообврзниците немаат никаква врска со солидарноста. Префрлајќи го долгот од дефицитарните земји во силна Унија и, во тој процес, намалувањето на вкупниот долг на еврозоната (благодарение на пониските долгорочни каматни стапки што се подразбираат од поголема кредитната способност на ЕУ), еврообврзниците би ја задржале земјата како Италија во еврото – со тоа да се спречи да изчезнат холандските и германските заштеди.

Адам Смит го напиша најдобро во 1776 година: „Не е добронамерноста на месарот, пиварот или пекарот што ја очекуваме нашата вечера, туку од аспект на нивниот личен интерес“. Слично на тоа, денес, еврообврзниците и промената на смешните правила на еврозоната никогаш нема да дојде со тоа што ќе се обратиме кон „добронамерноста“ на оние со вишоци. Начинот да се избегне ветото на северњаците е да се повикаме на она што Смит би го нарекол „самољубие“, истовремено објаснувајќи дека и на самоповредувачките северни политики, исто така, ќе им биде ставено вето.

(Јанис Варуфакис, поранешен министер за финансии на Грција, е лидер на партијата МеРА25 и професор по економија на Универзитетот во Атина)