Со такси лани превезени над 11 милиони патници


Со такси лани се превезени 11.083.000 патници, од кои 10.404.000 во градскиот превоз, а 679.000 во меѓуградскиот превоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Со 1.860 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 51.365.000 километри, од кои 45.554.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 5.811.000 километри.

Податоците за такси-превозот се добиени од 241 извештајна единица.