Ситуацијата со корона вирусот во Италија е стабилна

Епидемиолошката ситуација во италија е стабилна, но тоа може да биде пауза пред нов побрз раст на ширењето на Ковис-19, изјави претседателот на Високиот институт за здравство Силвио Брусаферо на редовната конференција за медиумите, пренесе Анса.
Во еден ден починаа 316 пациенти од инфекцијата со корона вирус, а од 300.000 тестирани откриени се речиси 14.000 новозаразени.
„Се наоѓаме во многу деликатна фаза од пандемијата, неопходно е да се задржи високото ниво на антиковид мерките. Најмногу не загрижува брзото ширење на бразилскиот, англискиот и јужноафриканскиот сој. Доколку масовната вакцинација не се заврши брзо, новите соеви на корона вирус може да ја намалат ефикасноста на имунизацијата“, рече директорот на одделението за превенција при Министерството за здравство Џани Реза.