Сите тајни на бункерот во Белата куќа: Засолништето каде што се криеше Трамп од демонстрантите е пет ката под земја

Демонстрантите пееја и викаа, а полициските сили едвај можеа да ја задржат гневната толпа

Тајната служба итно го засолни претседателот Доналд Трамп во бункерот во Белата куќа во петокот вечерта откако демонстрантите се приближија опасно и почнаа да фрлаат камења и да ги пробиваат полициските барикади, пишува „Дејли меил“.
Трамп во бункерот помина речиси еден час, а таму му се придружија неговата сопруга Меланија и синот Барон. Ова за новинарите го потврди еден вработен во Белата куќа, кој сакаше да остане анонимен.

Трамп во бункерот помина речиси еден час, а таму му се придружија неговата сопруга Меланија и синот Барон

Одлуката на службата за безбедност да го однесе Трамп на сигурно дополнително ги растревожи веќе потресените станари и вработени во Белата куќа, кои викендот ги слушаа демонстрантите кои пееја и викаа, како и полициските сили кои едвај можеа да ја задржат гневната толпа.
Но, што е познато за подземниот бункер во кој се сокри американскиот претседател?

Бункерот е длабок пет ката и има сопствено снабдување со воздух, како и големи залихи на храна, но за нео всушност не се знае многу

Официјалното име на овие простории е Претседателски центар за итни операции – Presidential Emergency Operations Center (ПЕОК) кои се изградени во раните 1940-ти за време на претседателството на Френклин Рузвелт и додека траеше Втората светска војна.

Бункерот е изграден во раните 1940-ти за време на претседателството на Френклин Рузвелт

Наследникот на Рузвелт, Хари Труман, го прошири ПЕОК за време на деталното реновирање на Белата куќа со што оригиналниот бункер беше целосно урнат и беше изграден нов, многу поголем.
Но, бункерот ретко се користи. Можеби единствениот случај е на 11 септември 2001 година, кога високи функционери во администрацијата на Џорџ Буш се засолнија во бункерот стравувајќи дека некои од киднапираните авиони се движи кон Белата куќа.

Самиот претседател во тоа време не беше во Вашингтон, а киднапираните комерцијални авиони се забија во Светскиот трговски центар, во Пентагон, а еден се урна во поле во Пенсилванија.

Бункерот ретко се користи. Можеби единствениот случај е на 11 септември 2001 година, кога таму се засолнија потпретседателот Дик Чејни, првата дама Лора Буш и високи функционери во администрацијата на Џорџ Буш

Но, потпретседателот Дик Чејни, првата дама Лора Буш и други високи функционери беа итно префрлени во бункерот. Лора Буш подоцна се сети на настанот во своите мемоари.

„Тие нè турнаа внатре по скалите низ пар големи челични врати што се затворија гласно зад нас“, напиша таа.

– Јас бев во еден од недовршените подземни тунели под Белата куќа и се движев кон ПЕОК што го направи претседателот Рузвелт за време на Втората светска војна. Одевме по долг поплочен ходник, а цевките и друга механичка опрема висеа од таваните и од sидовите. ПЕОК е дизајниран да биде команден центар за време на вонредна состојба и е опремен со телевизори, телефони и други средства за комуникација.
Лора Буш тогаш исто така опиша како тие дојдоа во мала сала за конференции со голема маса.

Официјалните фотографи на Белата куќа тогаш го снимаа Чејни, првата дама и тогашниот советник за национална безбедност Кондолиза Рајс, како зборуваат за нивните идни чекори.

Се верува дека во петокот Доналд Трамп и неговото семејство биле однесени во истата просторија.
По терористичкиот напад на 11 септември, администрацијата на Буш заклучи дека ПЕОК не е безбеден или доволно опремен за да може да управува со државата во итен случај, така што Белата куќа започна голем проект за изградба на нов бункер под северниот тревник на Белата куќа кој оди дури пет ката во земјата.

Во 2010 година, започна обемната работа пред Западното крило

– По нападот, луѓето од безбедносната служба проценија дека претходниот бункер нема да биде доволен, напиша Роналд Кеслер во 2018 година во книга за Трамп во Белата куќа.

– Пред нападот, идејата беше дека во случај на нуклеарен или биолошки напад, персоналот на Белата куќа и луѓето на претседателот ќе бидат префрлени на безбедна локација во Западна Вирџинија или Пенсилванија. Но, по 11 септември, тие сфатија дека можеби нема да има време за такво префрлување, ниту пак ќе биде безбедно да се оди каде било со автомобил во случај на напад. Дури и патувањето со хеликоптер би било многу ризично доколку земјата биде нападната. Така, тие дојдоа до идеја да изградат комплетно одделни простории, подземен бункер под северниот тревник.

Во 2010 година, започна обемната работа пред Западното крило. Официјалното објаснување за градежните работи беше промена на целосната инфраструктура на Белата куќа.

И покрај полицискиот час демонстрантите не се повлекуваа

Работите започнаа во септември 2010 година, а пред Западното крило беше ископана длабока дупка, а околу целата работна зона беше засадена висока зелена ограда. За време на работите, беше забрането задржување и снимање во близина на Белата куќа.

– Бункерот е длабок пет ката и има сопствено снабдување со воздух, како и големи залихи на храна, вели Кеслер и додава дека за бункерот всушност не се знае многу.
Овие простории за итни случаи би требало да служат како команден центар и привремено живеалиште на американскиот претседател.

Вкупните трошоци за изградба на бункерот изнесувале неверојатни 376 милиони американски долари.