Синот на Нетанјаху ужива во Мајами додека другите Израелци се на фронт


Израелските војници, кои доброволно се пријавија за војната против Хамас, се револтирани што  синот на премиерот Бенјамин Нетанјаху останал во САД и ја „напуштил“ својата земја.
Стотици Израелци се вратија дома откако армијата мобилизираше повеќе од 300.000 резервисти да се борат во најголемата мобилизација во историјата на земјата.

Најстариот син на Бенјамин Нетанјаху, Јаир, се пресели на Флорида претходно оваа година и останува таму. На 32-годишна возраст, тој има право на резервна служба, која завршува на 40-годишна возраст.

„Јаир ужива во својот живот во Мајами Бич додека јас сум на фронтот“, изјави за „Тајмс“ еден војник, кој сакаше да остане анонимен од безбедносни причини.

Волонтер на северниот фронт на Израел, кој е под зголемено секојдневно гранатирање од Хезболах од јужен Либан, поддржан од Иран, верува дека отсуството на семејството поттикнува недоверба и гнев во редовите.

„Ги оставаме нашите работни места, нашите семејства, нашите деца за да ги заштитиме нашите семејства дома и во земјата, а не луѓето кои се одговорни за оваа ситуација. Нашите браќа, нашите татковци, синови, сите одат на фронтот, но Јаир сè уште не е тука. Ова не помага да се изгради доверба во раководството на земјата“, рече војникот.

Иако никогаш не бил борбен војник, Јаир избегнувал регрутирање и работел во единицата на портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ).Јаир се пресели во Соединетите држави по контроверзите околу неговите активности на социјалните мрежи. Тој предизвика јавно негодување откако ги нарече „терористи“ стотиците илјади Израелци кои демонстрираа против владините судски реформи и ги обвини САД за финансирање на немирите.

Но, не сите Израелци кои се вратија дома се упатени да војуваат во првите борбени редови. Заедно со околу 360.000 резервисти кои се регрути, многумина се волонтери во ИДФ или невладини организации во земјата.Јаир сега ја посвети својата страница на Инстаграм на подигање на свеста за невладините организации кои работат на поддршка на жртвите од војната и на 120.000 или повеќе раселени Израелци кои мораа да се преселат од север и југ по избувнувањето на војната.

„Се вратив од САД, каде имам работа, живот, семејство“, рече друг волонтер, кој исто така сакаше да остане анонимен и се подготвува да биде испратен на јужниот израелски фронт против Хамас.

„Нема шанси да останам во САД и да ја напуштам мојата земја, мојот народ во овој критичен момент. Каде е синот на премиерот? Зошто не е во Израел?“, реагира тој.