Синер преку Зверев до финале во Монте Карло
Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во финалето на Мастерсот во Монте Карло откако денес го победи Германецот Александар Зверев со 6-1, 6-4 во полуфиналето.
Натпреварот траеше еден час и 23 минути. Синер е второпласиран тенисер во светот, додека Зверев е трет на АТП листата. Италијанскиот тенисер направи три брејка во првиот сет, додека во вториот сет направи брејк против Зверев еднаш, со што оствари убедлива победа и пласман во финалето.
Синер ќе се бори за првото место на АТП листата во финалето утре, како и за својот осми трофеј на Мастерс турнирите, а 27-ми во неговата кариера вкупно.
Второто полуфинале на Мастерсот во Монте Карло ќе го играат Карлос Алкараз и Валентин Васкеро.
Мастерсот во Монте Карло се игра за награден фонд од 6.309.095 евра,