Сиљановска од НАТО: Потребно ни е повеќе кантијанизам, а помалку макијавелизам во политиката


Потребно ни е повеќе кантијанизам, а помалку макијавелизам во политиката, порача претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова во својата изјава пред почетокот на НАТО самитот што се одржува во Анкара.

Во своето обраќање до медиумите претседателката го истакна значењето на европското проширување како клучен фактор за стабилноста и безбедноста на целиот евроатлантски просто.Таа нагласи дека вистинската моќ на Европа лежи во нејзините демократски темели и континуираниот мир.

„Денеска би сакала да порачам дека мотото ‘Посилна Европа, посилен НАТО’, според моето сфаќање, значи дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилна Европа е онаа што живее во мир и демократија, заснована на принципи и вредности. Тоа е мојата порака“, изјави Силјановска Давкова пред почетокот на самитот.

Ова не е вторпат македонската претседателка да го афирмира овој став пред меѓународната јавност. Идентична порака, со фокус на мирот, демократските вредности и потребата од целосно обединување на европскиот континент, Силјановска Давкова упати и за време на Седмиот состанок на Европската политичка заедница во Копенхаген.