Си: Се надевам дека Северна Кореја и САД можат да ги продолжат разговорите


Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кому му рече дека се надева оти Пјонгјанг и Вашингтон можат да ги продолжат разговорите и да остварат напредок во односите.

Си, кој престојува во дводневна посета на Пјонгјанг, нагласи дека пријателството меѓу Кина и Северна Кореја нема да го разнишаат промените на меѓународен план.

Тој додаде дека Кина сака да игра конструктивна улога во денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.

Си е првиот кинески лидер кој ја посетил Северна Кореја во последните 14 години.