Швеѓаните од денес ќе сурфаат со 5Г
Шведска ја доби првата јавна мрежа од новата генерација 5Г, објави групата Tele2 претркувајќи ги во „последните метри“ фирмите конкуренти Телиј и Ериксон, пренесуваат шведските медиуми.
Потрошувачите во Стокхолм од вчера може да пребаруваат на интернет со 5Г брзина додека граѓаните на Гетеборг и Малме ќе мора да причекаат до 24 овој јуни. После оваа дата мрежата ќе се шири во остатокот од Шведска.
Поголем дел од смарт телефоните се уште немаат капацитет за 5Г брзина. Мрежата на новата генерација овозможува брзина на интернет пребарување од еден гигабајт по секунда, што значи дека е четири пати по брза од сегашната 4Г мрежа, потсетува Tele2.
Фирмата ја активирала 5Г мрежата ден пред своите конкуренти Телиј и Ериксон кои тој чин го планирале за денеска.