Штрајк во германските болници трае два месеца: Не бараат повисоки плати


Повеќе од два месеци трае штрајкот на персоналот во универзитетските болници цо Севррна Рајна-Вестфалија. Дури и не им е до повисоки плати, туку бараат повеќе персонал. Но, тоа очигледно е најтешко да се постигне, пишува „Дојче веле“.

„Не бараме повисоки плати, туку повеќе персонал“, вели за медиумот Доминик Старк, медицински техничар на одделот за интензивна нега на универзитетската болница во Келн. „Со овој штрајк сакаме да постигнеме повеќе персонал во болниците и да имаме повеќе време на пацинетите конечно да им пружиме професионална нега“.

Од синдикатот на услужни дејности ver.di, кој повика на штрајк на медицинскиот персонал со исклучок на лекарите, се вели дека штрајкот е со „неограничено“ траење. Тоа значи дека нема да престанат се додека не се исполнат главните барања: отворање нови работни места во болниците и со тоа да се растоварат вработените – и тоа во сите подрачја, не само оние кои работат со пациенти.

Единствен исклучок на кој е подготвен синдикатот е спогодбата со управите на болниците со кој се обезбедува сигурност на пациентот. Вработените се во штрајк, но со договор за план на дежурства и приоритети.

Одложени 10.000 оперативни зафати

Но, тоа не значи дека во болниците може да се работи како инаку: како што тврди синдикатот, во шест универзитетски болници на покраината не може да се пополнат 1.800 болнички кревети, а затворени се повеќе од 50 оддели.

„Повеќе од 10.000 оперативни зафати низ целата Северна Рајна-Вестфалија мораа да бидат одложени поради штрајкот“, вели медицинскиот дирекор на универзитетската болница во Есен, Јохен Вернер.

Овој професор по оториноларингологија не само што ги разбира барањата на штрајкувачите туку и начелно ги поддржува:„Директорите на клиниките одамна гледаат се повеќе оптоварување на вработените, одобено оние задолжени на нега на пациентите„, вели Вернер. „Но, мора да се каже дека зголемувањето на обемот на работа не ја погаѓа само медицината, туку и цела низа години тоа се гледа во индустријата и во услужните дејности. Сегашната состојба на аеродромите тоа посебно јасно го покажува“, додава тој.

Но се слушаат и критики: „Универзитетските болници преговараат со синдикатот и всушност постои убава традиција да не се штрајкува додека се преговара. Тоа овде не се почитува“, вели Роланд Голдбрунер, директор на болницата во Келн. „Не знам зошто пациентите со тумори мора и понатаму да трпат“.

100 дена за договор, инаку…

Северна Рајна-Весфалија со своите 18 милиони жители е најмногубројна покраина во Германија. Во неа има шест универзитетски клиники и сите се во штрајк од почетокто на мај. Тие болници се едни од најголемите работодавачи: вработуваат вкупно околу 60.000 лица од ралични занимања.

Но, дури и во работните договори постојат разлики: лекарите по правило се вработени на универзитетите, а останатиот персонал – од медицински сестри и физиотерапевти па до канцелариски и помошен персонал се вработени на државата, односно на покраината.

„Со години молчевме и се обидувавме да го одржиме системот кој е лош“, вели Анушка Муча, медицинска сестеа во болницата во Келн. А во пандемијата станало и полошо.

Токму таа била една од повеќе од 700 вработени во универзитетските болници во Дизелдорф, Есен, Келн, Минстер, Ахен и Бон, кои се собраа на 19 јануари 2022 година на две видео-конференции каде е одлучено да се почнат преговори за колективни договориза да се намали работниот притисок на вработените.

На управите на болниците и на политичарите им е поставен рок од 100 дена во кои би се заклучил колективниот договор со синдикатот на услужни декности ver.di. Во него се бараат задолжителни прописи за растоварување на сите подрачја на работа и мерки за подобрување на квалитетот на стручното образование, но и мерки ако не се почитува договоренотот. Но откако на 1 мај заврши рокот ос сто дена, почна штрајкот.

Сведоштва за „работа како во фабрика“ во болниците

Вработените, со тоа, всушност го следат преимерот на своите колеги од берлинските клиники кои минатата година со повеќенеделни штрајкови успеаја да постигнат колективен договор во кој се подобрени условите за вработените и им ги зголемија платите.

Освен повремени улични протести штрајкувачите се организираат и со читања од „Црната книга за безбедност на пациентите“ – автентични сведоштва на болничкиот персонал за пропустите во третманот: „Тие, драматични извештаи не се исклучок, туку дел од секојдневието. Целта на тоа читање е да се покаже состојбата поради која сите мора да трпат не само болните, туку и персоналот во болниците“, вели Анушка Муча.

Стефани Шумахер веќе 30 години е медицинска сестра и 20 години работи на одделот за интензивна нега во келн. Особено во време на ковид-пандемијата ѝ се чинело дека работи на подвижна лента во фабрика, а дома одела и исцрпена и незадоволна затоа што знаела дека не им помогнала на пациентите како што научила и како што може. таа сведочи за пациенти кои починале сами, а и по нивната смрт никој не се погрижил за нив се додека не настапила мртовечка укоченост. „Дури и година и пол потоа се чувствувам виновна“, вели оваа сестра.

Сите се сложуваат, но договор нема

Тамошните медиуми попатно известуваат за штрајкот кој трае веќе два месеца, иако, како што велат стручњаците тој предизвика акутна закана за здравствената грижа во оваа покраина. Покраинскиот министер за здравство Карл-Јозеф Лауман всушност ги поддржува барањата на вработените во универзитетските болници и изјави дека покраинската влада сака да се потпише колективниот договор. Но, вели дека голем проблем е да се најде медицински персонал.

И во парламентот на Северна Рајна-Вестфалија практично сите партии ги поддржуваат барањата на штрајкувачите и сакаат да ги растоварат во секојдневната работа. Неодамна во оваа покраина одржани беа избори и една од првите уредби на новата владина коалиција на христијанските демократи и Зелените на кјарот на мај беше стварање правна основа за спогодба со штрајкувачите. Но, договор сѐ уште нема, а штрајкот продолжува.