Што слави независниот јавен обвинител со Мицкоски?
Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, кој наводно треба да обезбеди независност на оваа институција, откако е дојден на функцијата се почесто се гледа во друштво на премиерот Христијан Мицкоски. Иако станува збор за официјални случувања со повеќе поканети, не изглчеда баш прикладно нецзависен обвинител да седи на руќеци и прослави со функционери кои утре можеби ќе треба да ги гони, во ситуација кога во рекордно брзо време ја истроши довербата на јавноста околу неговите идни намери.

Според јавно објавените фотографии Савески вчера седеше веднаш до премоерот на прославата на Царинската управа, поблиску и од Љупчо Димовски кој за премиерот е поважен и од претседателката на државата.

Савески исто така седеше на иста маса со премиерот на Велигденската вечера, за разлика од на пример Ислам Абази кој подолго е на функцијата обвинител, а нема ваква сугестивна фотографија.
