Мицкоски загрижен за Бугарија: Имале голема инфлација, ги лажирале податоците за дефицитот

Македонскиот премиер е загрижен како почна да работи владата на Румен Радев. Имала многу внатрешни проблеми


 

Македонскиот премиер очекува дека разумот кај властите во Софија ќе надвладее, но бил загрижен од почетокот од работењето на новата бугарска влада.

„Ме загрижува почетокот на новата влада кај нашиот источен сосед, но се надевам дека со текот на времето рациото и разумот ќе преовладеат. Јас сум свесен дека имаат многу внатрешни проблеми. Гледам дека изгледа ќе бидат првата држава што ќе добие мерки од Европската централна банка, бидејќи ги фалсификувале и ги лажирале извештаите за буџетскиот дефицит. Имаат големи проблеми со инфлацијата, со економијата генерално, па можеби сега бараат нова тема, а најдобра тема е радикализирани ставови кога станува збор за македонското прашање“, рече денеска Христијан Мицкоски на последниот состанок околу новиот закон за пушење.

Премиерот не е во право дека само во таква постапка. Такви постапки води Европската комисија, а не Европската централна банка. Европската комисија има поведено постапки против 10 земји, вклучувајќи ги и Италија и Франција.  

Бугарија ќе биде казнета следната недела за кршење на буџетските правила ЕУ само неколку месеци по приклучувањето кон еврозоната, потег што ќе ја стави владата на премиерот Румен Радев во директен судир со Брисел.

Европската комисија ќе ја стави Софија под таканаречената постапка за прекумерен дефицит, соопштија официјални лица, откако нејзиниот годишен дефицит се зголеми на 3,5 проценти минатата година, надминувајќи го прагот од 3 проценти на еврозоната. Се очекува дефицитот на Бугарија да расте уште повеќе во наредните години: на 4,1 проценти следната година и 4,3 проценти во 2027 година, според неодамнешната прогноза на Комисијата.

Италија имаше за цел да го намали буџетскиот дефицит на „под 3 проценти“ минатата година, услов за излез од постапката, но не успеа да го стори тоа, што претставуваше неуспех за премиерката Џорџа Мелони пред изборите следната година.

Мицкоски е убеден во исправноста на политиката што ја води неговата влада.

„Ние сме трпеливи, ќе работиме и ќе победиме како многу пати што сме победиле во историјата“, рече Мицкоски во врска со изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова, дека Македонија треба да бара решенија, а не проблеми и дека Софија нема да отстапи од договореното од 2022 година

Тој тврди дека Македонија постојано нуди решенија:

„Ние цело време нудиме решенија. Софија пред себе има во минатото и други договори кои, за жал, не ги почитува, а тоа е, да речеме, потпишаната резолуција за заштита на човековите права. И на маса им стојат најмалку 14 пресуди што доаѓаат од Судот за човекови права во Стразбур, па тие не ги почитуваат. Е да, тие ќе ви кажат, ‘вие сакате да дојдете во клубот каде што сме ние’. Ние не сакаме да дојдеме во клубот каде што сте вие. Тоа е уцена и булинг. Оваа влада таа игра нема да ја игра и сè додека сум јас премиер, додека не видиме испорака од нивна страна, ние нема да се поместиме ниту милиметар“, истакна Мицкоски. 

Бугарија ќе биде казнета следната недела за кршење на буџетските правила ЕУ само неколку месеци по приклучувањето кон еврозоната, потег што ќе ја стави владата на премиерот Румен Радев во директен судир со Брисел.

Европската комисија ќе ја стави Софија под таканаречената постапка за прекумерен дефицит, соопштија официјални лица, откако нејзиниот годишен дефицит се зголеми на 3,5 проценти минатата година, надминувајќи го прагот од 3 проценти на еврозоната. Се очекува дефицитот на Бугарија да расте уште повеќе во наредните години: на 4,1 проценти следната година и 4,3 проценти во 2027 година, според неодамнешната прогноза на Комисијата.

Десет други земји се под таква постапка, вклучувајќи ги Италија и Франција. Рим имаше за цел да го намали буџетскиот дефицит на „под 3 проценти“ минатата година, услов за излез од постапката, но не успеа да го стори тоа, што претставуваше неуспех за премиерката Џорџа Мелони пред изборите следната година.