Што бара Ердоган од новата миграциска криза со Европа?


ДИМИТАР БЕЧЕВ

Со пропуштањето на гневните мигранти до грчката граница, Ердоган сака да убие неколку птици со еден камен. Неговата најважна цел е да го обвнови договорот со ЕУ од 2016 година, но Унијата во иднина Унијата парите да ги уплажа во државниот буџет на Турција

 

Ние бевме тука и порано. Како и во 2015-16 година, околу 10.000 бегалци и баратели на азил се собираат на границата на Турција со Грција. Нивната единствена цел е да преминат на територијата на ЕУ – и се надеваат да се пробијат до Германија, Шведска или на друго место во Западна Европа.

Има грди сцени како грчката гранична полиција користи солзавец и брутална сила да ги натера мигрантите да се вратат назад. Атина распореди специјални сили за да ја заштити границата од невооружени, гневни цивили. Европските лидери повеќе би сакале тие Сиријци, Авганистанци и Ирачани да останат во Турција. Дури и без да пристигнат мигрантите во Европа, десничарските популисти стекнуваат поени. Неодамнешниот дебакл во Тирингија, по кој германскиот министер за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер поднесе оставка од челото на Христијанско-демократската унија, го измести добро изготвениот план на Ангела Меркел за уредна сукцесија. Меркеловците и макроновците од овој свет стравуваат дека новиот масовен бран мигранти кои се упатуваат кон ЕУ ќе предизвика изборен хаос.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го знае тоа дека премногу добро и мисли, не без добра причина, дека може да ги манипулира стравовите на европските елити во своја полза. Со тоа што им дозволи на бегалците да се собираат на границата, тој има за цел да убие неколку птици со еден камен. Прво, тоа ќе го одвлече вниманието на турското општество од борбите во Идлиб. Второ, да ја добие поддршката од најголемите европски држави кои инаку би сакале да се држат настрана од хуманитарната катастрофа што се случува во Сирија. Трето, и долгорочно, да го продолжи договорот од 2016 година постигнат со ЕУ за друг период, но да ги  измени условите за да стекне максимална корист.

 

Грди сцени од турско-грчката граница (Сакис Митролидис/АФП)

Сомнително е дали и како Ердоган може да го сврти фокусот од Идлиб. Тепачката меѓу владејачката АКП и пратениците на опозицијата во Големото национално собрание на 4 март ја прикажа необјавената војна против режимот на Асад и ќе остане видливо прашање што ја поларизира јавноста.

Турскиот претседател напредува многу подобро во однос на неговата втора цел. Германската канцеларка Ангела Меркел сега, наводно, излезе во пресрет на планот за безбедносна зона под турско покровителство во покраината Идлиб. Таа, исто така, го обвини Путин за откажување на предложениот четиристран самит со Макрон, Ердоган и самата себе и наместо тоа со тешко срце се определи за билатерална средба со турскиот лидер. Министерката за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер, до неодамна очигледен наследник на Меркел, потврди дека Германија ја поддржува идејата за безбедносна зона меѓу Турција и Сирија за која канцеларката разговара со францускиот претседател.

Заедно со неочекуваната посета на Идлиб од страна на претставникот на САД во Сирија, Џејмс Џефри, и Кели Крафт, амбасадор на Вашингтон во ООН, обновениот интерес на европските влади за Сирија е победа за Ердоган. То,ј без сомнение, ќе ја искористи поддршката на Западот како чип на договарање на самитот со Путин.

Ѓаволот, како и секогаш, е во деталите. Лидерите на ЕУ, без сомнение, би претпочитале трите милиони раселени Сиријци да се најдат во Идлиб, интерес што го споделуваат со Ердоган. Но, нема одговори на клучните прашања.

Дали Германија, Франција и остатокот од ЕУ се подготвени клоцнат законот? Може ли Макрон и Меркел да извлечат заложба од Путин во однос на безбедносната зона? Може ли рускиот претседател да го испочитува тоа, со оглед на поддршката на Асад да ја преземе контролата врз секој сантиметар од сириската територија? Која ќе биде улогата на Турција во управувањето со хуманитарната помош и евентуално помошта за реконструкција на регионот? Дури и ако Путин и Ердоган се договорат за прекин на огнот и тој се задржи, може да има месеци на дипломатско расправија. Дводневната посета на Анкара од страна на Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, и комесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, е само почеток.

Третата цел на Турција се однесува на нејзините врски со ЕУ. Договорот за бегалци за 2016 година беше камен-темелник на врската меѓу Брисел и Анкара, далеку позначајна – за жал – од обидот да се надополни царинската унија, а камоли за закочените преговори за пристапување. Од шесте милијарди евра што ЕУ ги обезбеди во рамките на олеснувањето за сириски бегалци, 4,7 милијарди евра се под договор и 3,2 милијарди евра веќе се исплатени – како што потсети во твит францускиот дипломат Марк Пиерини, поранешен шеф на делегацијата на ЕУ во Турција и сега предавач во „Карнеги Европа“.

Тврдењето на Ердоган дека Турција не видела ништо од парите, додека потрошила 40 милијарди евра од своите национални каси, не е точно. Но, онолку колку што сака да ја цензурира хипокризијата на Европејците и да им се заканува дека сите 3,6 милиони Сиријци, кои моментно се наоѓаат во Турција, ќе се упатат кон ЕУ, тој најверојатно бара обновување на договорот од 2016 година.

Ердоган бара во иднина ЕУ да уплати сума во државниот буџет на Турција. Нема повеќе транши, договори со владини агенции, известување и контрола од Брисел. На тој начин Анкара ќе биде во целосна контрола врз тоа како се трошат европските пари. Знаејќи како функционира ЕУ, а особено колку се строги правилата што ги регулираат нејзините финансии, турската влада може да открие дека нејзината моќ не е неограничена. Има шанси Ердоган да добие одредена поддршка што му е потребна од Европа, но тоа не мора да биде според неговите услови. Цената што тој би сакал да ја плати ќе биде за неговите сојузнички медиуми во Турција, а исто така и на Западот, кои ќе го прогласат за победник во овој ќорсокак.

(Димитар Бечев е научен соработник на Атлантскиот совет и истражувач при Универзитетот на Северна Каролина. Овој текст е објавен во турскиот дигитален весник „Ахвал“)