Сенат на САД: Кредит Свис до 2020 година водела сметки на високи службеници на нацистичка Германија
Комисијата за буџет на Сенатот на САД спроведе истрага и дозна дека швајцарската банка Кредит Свис, која неодамна беше спасена од колапс, држела активни речиси 100 досега непознати сметки поврзани со службеници на национал-социјалистичка Германија, а кои по Втората светска војна се криеле од законот во Аргентина.
Некои од овие сметки биле активни сè до 2020 година.
Сенатот објави два извештаи од кои се дознава дека Кредит Свис држела сметки на 99 лица кои биле чиновници на високи функции во национал-социјалистичка Германија и на членови поврзани со групи на нацистите во Аргентина. Притоа, 70 аргентински сметки биле отворени во банката после 1945 година, а 14 биле активни од неодамна.
Така на пример, сметка во сопственост на нацист осуден за време на судскиот процес во Нирнберг била активна до 2002 година, банката сепак до ден денеска не разгласува информации за активите на таа сметка.
Банката за ова ангажирала судско-експертска компанија која под контрола на независен адвокат, Нил Барофски, вршела внатрешна истрага, адвокатот напишал извештај за тоа но претходно бил отпуштен без објаснување а внатрешната истрага била ограничена.
Сенатот побарал извештајот да биде достапен. И по истрагата на Комисијата за буџет, отчетите на банката за сметките на нацистичките службеници станале јавни.
Кредит Свис вети дека ќе продолжи и ќе ја прошири внатрешната истрага, и се согласи да учествува во исплата на дел од судски тужби на преживеаните од Холокаустот вредна 1,25 милијарди долари.