Се разговара со ЕУ за дозавршување на брзата пруга од Ниш до Македонија


Од Белград до Ниш со воз ќе се патува еден час и 40 минути, а од Будимпешта до Ниш само четири и пол часа. Ова викендов го истакна претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на почетокот на изградбата на железничката обиколница околу Ниш изјави дека за него и за Владата на Србија пругата Белград-Ниш е еден од најважните проекти. ЕУ донираше 35 милиони евра на Србија за реализација на проектот. Вкупната вредност на работите е 153 милиони евра, а средствата се издвоени од српскиот буџет, заеми од Европската инвестициска банка и од фондовите на ЕУ.

Тој нагласи дека ќе се разговара со ЕУ за довршување на делот од пругата од Ниш до Прешево и Македонија.

– Тогаш ни останува само со Македонија да разговараме. После тоа, со неверојатни брзини ќе стигнеме до Солун и Атина – изјави Вучиќ.

Тоа  е историска победа за Западен Балкан бидејќи Европскиот Коридор 10 повторно ќе стане еден од најважните европски коридори.

Во Грција веќе постои пруга која дозволува брзина од 150 километри на час, која ќе се модернизира, од Атина до Солун, а ќе се гради и пруга од Солун до Идомени, на грчката граница со Северна Македонија, со должина од околу 70 километри.

Со пругата од Белград преку Скопје до Солун ќе се патува со брз воз за околу шест часа, без застанување на границите, со сета удобност на возовите, што во голема мера ќе го подобри квалитетот на животот на луѓето, како и дека за 13 часа со брз воз ќе се патува од Унгарија, преку Србија и Северна Македонија, до Грција.