СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ: од погреб прават „таен состанок“ со СПС


ВМРО-ОКГ и нивните пропагандни медиуми повторно продолжуваат со истата болна и лажна приказна, тврдат дека генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, се сретнал со Ружиќ и дека „СДС работи со српската опозиција“.

Единствената вистина е дека Саша Димитријевиќ беше на погребот на својот дедо.Никаков состанок не постои.  Впрочем Димитријевиќ јасно и недвосмислено го демантираше целиот измислен скандал и изјави дека ниту се видел, ниту ги познава Ружиќ и Башановиќ. Од човечка тага и семеен момент тие прават нова „афера“. Класичен пример на болна и безобразна кампања која ја води ВМРО-ОКГ.

Ова е дел од операцијата со Black Cube (приватниот „Мосад“) што Мицкоски и криминална група го ангажираа за следење на опозицијата и фабрикување афери. Колку таа организација нема морал се виде и во Унгарија и во Словенија. Во Унгарија дури влегле во спалната соба на Петер Маѓар и му поставиле камери за да направат приватни снимки и да создадат скандал. Во Словенија правеле исто за Јанша – тајно снимале опозицијата, а потоа медиумите пишувале за „аферите“.

Оваа фирма и во Словенија и во Македонија дошла директно преку Орбан, поранешниот премиер на Унгарија, кој сега самиот се соочува со сериозни истраги за криминал и корупција. Сега од погреб прават „таен состанок“ со СПС, партијата која е најблизок коалициски партнер на СНС, сестринската партија на криминална организација – ВМРО ОКГ. Исто како што претседателот на СПС го нарекува Вучиќ „брат“, така и Мицкоски ги смета Орбан и Вучиќ за свои „браќа“. Истата братска љубов, истата братска кампања.

Граѓаните јасно гледаат кога ВМРО-ОКГ  останува без аргументи, кога паѓаат со 150.000 гласови и кога се во слободен пад, единственото што им останува е да фабрикуваат лажни афери дури и од погреби“, реагираат од СДСМ.