СДСМ прашува што велат анкетите на Мицкоски: Дали Филков да ги прати документите за екстрадиција на Груевски или не?
СДСМ ја потсетува власта дека граѓаните бараат јасен одговор од Министерството за правда и од Христијан Мицкоски: Дали се испратени барањето и документите за екстрадиција на Никола Груевски?
„Додека ЗНАМ тотално се распаѓа, а Мицкоски веќе го стави Филков на листата за смена по реконструкцијата на владата, граѓаните заслужуваат да знаат: Кој е вистинскиот налог што Мицкоски му го дал на Филков? Дали да го штити Груевски или да го апси?
Што покажуваат анкетите што Мицкоски ги нарачал? Дали е подобро Груевски да биде уапсен или повторно да му се дозволи да побегне? Мицкоски очигледно се двоуми и калкулира. Еден дел од ВМРО е против апсењето на поранешниот претседател на партијата. Друг дел, сепак, откажува послушност – како градоначалникот на Карпош Сотир, кој јасно гледа дека наскоро ќе почнат истраги во Унгарија кои директно ќе водат до Мицкоски и неговата криминална група.
Исто како што пратеници и советници од ЗНАМ масовно ја напуштаат партијата основана од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски – луѓето во ЗНАМ и во ВМРО-ОКГ не сакаат повеќе да бидат соучесници во криминалот на Мицкоски и неговата криминална група.
Мицкоски ја блокира екстрадицијата на Груевски, со тоа го штити не само Груевски, туку и себе си и својата криминална мрежа. СДСМ јасно порачува: Доста со игрите и со заштитата на криминалците! Граѓаните бараат јасен и недвосмислен одговор: Дали документите за екстрадиција на Груевски се испратени? Или Мицкоски по секоја цена ја штити криминалната банда? Нема повеќе да дозволиме државата да се користи како штит за криминалци и бегалци“, тврдат од СДСМ.