СДСМ не и верува на владата за тендерот за „Кожувчанка“
Нема јавен оглас. Нема тендер. Има спогодба. И тоа со фирма чијшто градоначалник е нивен човек, член на Извршниот одбор, поранешен потпретседател. Три работи се јасни:
Од ВМРО-ДПМНЕ исто така излегоа со реакција, за да ја одбранат зделката со како што велат „бесплатната вода“ што ја платиле сепак граѓаните на Македонија, а бесплатно се дели во Гостивар. Главниот одговорен повторно е „талогот“ во општеството.
„Колку ли злоба и неискреност има во СДС, кои дрско се обидуваат да кажат дека има некакви бизниси со водата што Владата бесплатно ја дели на гостиварчани. Талогот во СДС мислел што да искреира, каква лага да лиферува, па измислил дека Владата прави бизнис со компанијата „Кожувчанка“. Но, вистината е дека Владата на тендер ја избира компанијата која, по двојно поевтина цена од пазарната, од само 12,5 денари за литар и пол вода, ѝ ја продава на Владата, што е одлука поради нејзината определба да биде општествено одговорна и да не заработува од кризата во Гостивар“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
„Очигледно само на валкан профит мисли талогот од СДС и се обиде да направи скандал таму каде што е чисто како солза. Ова е тоа мочуриште од кое произлезе предавничкиот талог од СДС, поради што ја нема довербата од граѓаните“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.