Македонски граѓанин, а не Бугарин, го навредувал Мицкоски во Ташмаруништа


СДСМ тврди дека македонски граѓанин, а не Бугарин, го навредувал премиерот Христијан Мицкоски во Ташмаруништа, каде што го одбележуваше празникот Илинден.
 
-ВМРО-ОКГ и Мицкоски вчера повторно лажеа. Тврдеа дека лицето кое упатило вербални навреди кон премиерот Мицкоски во Ташмаруништа покажало бугарска лична карта
Тоа не е точно.
 
Според официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид, станува збор за 52-годишен жител на Струга (С.Г., роден 1974 година од Кочани) – македонски граѓанин со македонска лична карта. Нема странски агент. Има само незадоволен граѓанин.
 
Мицкоски и ВМРО-ОКГ повторно се обидоа да го претстават секојдневниот гнев на народот како „странска агентура“ и „бугарска провокација“. Ова е класичен модел: кога граѓаните се бунат – лажат дека се странци. Кога немаат резултати – бараат непријатели. Кога се критикувани – ги нарекуваат граѓаните „талог“. Реалноста е поинаква. Граѓаните се незадоволни и тоа е целосно македонско незадоволство, оценуваат од СДСМ.