СДСМ: Груевски веќе има унгарски и српски пасош


Последните информации доставени до СДСМ укажуваат дека Никола Груевски веќе поседува унгарски и српски пасош, се вели во соопштението од СДСМ.

Според опозициската партија, ако бегалецот од правдата добил српски и унгарски пасош јасно е дека зад ова стојат неговите политички сојузници и заштитници, Орбан и Вучиќ, политичките ментори на Мицкоски.

„Очигледно непостапувањето на владата на Мицкоски и упорното одбивање да прати ново барање за екстрадиција е намерно оставање простор на Никола Груевски и негова заштита. Додека други држави, како Полска на пример, постапуваат брзо, Мицкоски му купува време на Груевски“, се вели во соопштението од СДСМ.