Саудиска Арабија ја отфрли истрагата на ОН за одговорноста на принцот во случајот Кашоги
Саудиска Арабија го отфрли повикот на експертот за човекови права на ОН дека престолонаследникот Мохамед бин Салман треба да биде предмет на истрага за убиството на новинарот Џамал Кашоги и истакна дека судската пракса на кралството во справувањето со случајот „не е прашање на пазарење“.
Саудискиот државен министер за надворешни работи, Адел ал Џубеир, изјави дека во извештајот на Агнес Каламар, специјална известувачка на ОН за вонсудски убиства, има „очигледни контрадикции“ и неосновани обвинувања.
– Ние жестоко го отфрламе секој обид да се допре раководството на кралството или случајот да се извади од судскиот систем на кралството”, напиша ал-Џубеир во неколку твитови.