САД одобрија нова продажба на оружје за Украина во вредност од 322 милиони долари


Американскиот Стејт департмент одобри продажба на оружје и воена опрема на Украина во вредност од 322 милиони долари, со цел подобрување на нејзините капацитети за противвоздушна одбрана и да го обезбеди Киев со оклопни борбени возила.

Според соопштението, Конгресот е известен дека од вкупниот пакет, 150 милиони долари се наменети за резервни делови, одржување и ремонт на американски оклопни возила, додека 172 милиони долари ќе бидат издвоени за системи ракета-земја-воздух.

Одобрувањето доаѓа само неколку недели по одлуката на министерот за одбрана Пит Хегсет за привремено запирање на испораките, со цел ревизија на постоечките залихи. Но, претседателот Доналд Трамп во меѓувреме го промени ставот и јавно вети продолжување на испораките, предлагајќи европските сојузници да купат американска воена опрема која потоа ќе ја препратат на Украина.

Засега не е јасно како новиот предлог ќе се вклопи во тој аранжман. Од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, САД имаат испорачано повеќе од 67 милијарди долари воена и безбедносна помош на Киев.