САД негираат дека го прифатиле клучното барање на Техеран
Исламабад – Соединетите Американски Држави негираа денес дека се согласиле со клучното барање на Техеран за одмрзнување на иранските средства.
Белата куќа ги отфрли тврдењата дека САД се согласиле да одмрзнат ирански средства, што би можело да помогне во повторното отворање на Ормускиот теснец, велејќи дека не е постигнат таков договор, објави Скај њуз.
Висок ирански извор претходно изјави дека Соединетите Американски Држави се согласиле да ослободат дел од замрзнатите средства на Иран што се чуваат во банки во Катар и други земји, што Техеран го смета за знак за „сериозноста“ на Вашингтон во разговорите во Исламабад, објави Ројтерс.
Изворот, кој зборуваше под услов да остане анонимен поради чувствителноста на темата, рече дека одмрзнувањето на средствата е „директно поврзано со обезбедување безбеден премин низ Ормускиот теснец“, што би можело да биде клучно прашање во разговорите.