Руте: Русија го менува статусот со затрашувачка брзина, да се подготвиме или да не се бавиме со политика!

Лидерите на земјите-членки на НАТО почнале да ги договараат деталите за зголемување на трошоците за одбрана на 5 проценти од БДП до 2035 година – објавија извори од Алијансата пред почетокот на самитот во Хаг.
Според различни извори, целта е новите трошоци да стартуваат за кратко време, да течат непречено и да се избегне можноста американскиот претседател Доналд Трамп дополнително да ги зголеми.
Иако претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе присуствува на состанокот и на официјалната вечера, тој не е поканет на утрешната седница зад затворени врати. Според „Политико“, шансите за уште една конфронтација во стилот на Овалната соба со Трамп на крајот на февруари се намалени. Од агендата што ја објави НАТО се гледа дека и денешниот состанок со Украина се води во формат „генерален секретар“, ЕУ и Украина, односно не во дормален формат на НАТО.
Инаку, генералниот секретар на НАТО Марк Руте на јавен форум пред почетокот на самитот објави дека многу од сојузниците ќе ги пропуштат поставените цели.
„Германија сака да достигне 3,5 проценти од основните трошоци за одбрана не во 2035 година, туку во 2029 година. Минатата недела Шведска објави дека сака да го достигне истиот процент во наредните години, а и Норвешка. Ова се само првите најави, но знаеме дека земји како Полска, Литванија, Латвија, Естонија и Финска веќе го преминаа прагот, а многу други ќе следат. Исто така, знаеме дека Русија го менува својот статус со брзина што е навистина застрашувачка. Мора да бидеме подготвени. Ако не сме, нема да можеме да се одбраниме во следните 3 до 5 години“, порача Руте.
„Ако не можеме да ги издржиме двата конфликта – во Украина и на Блискиот Исток, воопшто не треба да се занимаваме со политика и одбрана“, одговори Руте кога беше прашан дали Алијансата ќе се справи со нив истовремено.