Руските олигарски масовно ги продаваат авионите за да не им бидат запленети од ЕУ

Брокерите на пазарот се преплавени од барања на руски милијардери, но купувачи тешко се наоѓаат


Еден од авионите што се продава е Gulfstream 650 (9H-SSK) на сопственикот на групацијата „Ташир“, Самвел Карапетјан

 

Западните санкции и амандманите на законодавството на ЕУ што дозволуваат конфискација на имотот на санкционираните руски граѓани предизвикаа бура кај богатите Руси и владините агенции.

Бизнисмените, вклучително и милијардери од листата на „Форбс“, како и државните банки и државните корпорации, масовно се обидуваат да се ослободат од своите деловни авиони, изјавија за „Москва тајмс“ брокери на пазарот за деловна авијација.

Според нив, десетици авиони се на продажба, голем број се појавија на пазарот во последните месеци.

Во моментов има три деловни авиони на продажба кои се на списокот на санкции: Gulfstream 650 (9H-SSK) на сопственикот на групацијата „Ташир“, Самвел Карапетјан, Gulfstream G550 (VP-CRO) на основачот на „Крокус“, Арас Агаларов, купен во 2011 година за 44 милиони долари. Во продажба се појави и познатиот „боинг 737“ (ВБ-БРТ) на сопственикот на банката и на алкохолниот бренд „Руски стандард“ Рустам Тарико. Овој „боинг“ го доби прекарот „водка џет“ поради шармот и бизнисот на сопственикот. Авионот беше на продажба на веб-страницата на брокерот Global Jet и беше достапен од други брокери по барање. Ништо не се знае за моменталните договори со купувачите. „Продажбата оди навистина тешко“, вели еден од брокерите.

Има и успешни зделки: сопственикот на фудбалскиот клуб Монако, Дмитри Риболовлев, го продаде својот авион „ербас“ А319-100 АЦЈ. Авионот беше пререгистриран двапати во различни компании и на крајот стана сопственост на Азискиот корпоративен авијациски менаџмент на Сингапур. Во март 2019 година, списанието „Форбс“ го вклучи A319CJ во првите десет најскапи авиони, проценувајќи ја неговата цена на 60 милиони долари.

Во продажба се појави и познатиот „боинг 737“ (ВБ-БРТ) на сопственикот на банката и на алкохолниот бренд „Руски стандард“ Рустам Тарик

На Русите им стана тешко да купат нов авион поради санкциите: производителите не ги продаваат. На пример, и покрај државјанството на Кипар, Дмитриј Риболовлев бил одбиен кога се обидел да купи авион од канадскиот „Бомбардиер“, изјави еден од авио-брокерите. Агаларов се соочи со сличен проблем. Изворот посочува дека планирал да ја надгради својата флота, но овие планови морале да се одложат.

Бран барања за продажба на деловни авиони од руски сопственици се појави во ноември-декември, велат изворите на „Москва тајмс“. Симболични за луксузен живот, авионите го преплавија пазарот откако ЕУ почна да подготвува правна рамка за конфискација на замрзнатите имоти на санкционирани лица.

Советот на ЕУ на крајот на ноември направи измени во законската регулатива, според кои кршењето на санкциите станува кривично дело. Според Европската комисија, во текот на деветте месеци од војната во Украина, ЕУ замрзна руски средства во вкупна вредност од 68 милијарди евра. Од оваа сума, 50 милијарди евра доаѓаат од Белгија, 5,5 милијарди од Луксембург, а останатите од Германија, Ирска, Австрија и Франција.