Руски бомбардери полетале кон Украина, Киев со предупредувања за напади во поголемиот дел од земјата
Украинските власти утрово објавија предупредувања за воздушен напад во поголемиот дел од земјата, откако воздухопловните сили на Киев потврдија за полетување на руски бомбардери.
„Внимание! Ракетна опасност низ цела Украина! Полетувања на МиГ-31К“, се вели во објавата на Телеграм на украинските ВВС.