Руски авион морал да направи круг од 15.000 километри за да собере дипломати


 

Авион испратен од Москва да ги земе протераните руски дипломати од Грција, а потоа и од Шпанија, бил принуден да направи круг од 15.000 километри поради забраната за летови од ЕУ, пишува веб-страницата за следење летови FlightRadar24.

„Додека Шпанија и Грција направија еднократен исклучок за авионот да влезе во нивниот воздушен простор, летовите се движеа околу други земји кои одржуваат забрани за руски летови“, се вели на веб-страницата.

Се додава дека вкупната должина на летот била 15.163 километри, „што е за нешто помалку од моменталниот најдолг лет на светот меѓу Сингапур и Њујорк“.