Русија сака да се обнови снабдувањето на Европа со гас преку гасоводот „Јамал“
Русија е подготвена да продолжи со испораките на гас за Европа преку гасоводот „Јамал-Европа“, кој претходно беше запрен од политички причини, изјави во неделата рускиот вицепремиер Александар Новак за руската државна новинска агенција Тасс.
„Европскиот пазар останува релевантен, бидејќи недостигот на гас продолжува и ја имаме секоја можност да продолжиме со испораките. На пример, гасоводот ‘Јамал-Европа’, кој беше запрен од политички причини, останува неискористен“, рече Новак.
Има зголемување на побарувачката на гас од Европа, рече Новак.
„Денес можеме со сигурност да кажеме дека има побарувачка за нашиот гас. Затоа, ние продолжуваме да ја сметаме Европа како потенцијален пазар за продажба на нашите производи. Јасно е дека беше започната голема кампања против нас, која заврши со акти на саботажа против ‘Северен тек’“, рече тој.
Русија е во енергетски ќор-сокак со Европа откако ја нападна Украина во февруари.
Во мај, само 44 часа откако Украина го намали протокот на природен гас низ нејзината територија во Европа, обвинувајќи го мешањето на руските трупи, Гаспром го прекина снабдувањето преку гасоводот „“Јамал-Европа што минува низ Полска и престана да испраќа гас до дистрибутер во Германија. Според државната новинска агенција РИА Новости, Гаспром беше принуден да го прекине снабдувањето поради санкциите на неговата матична компанија, „ЕуроПол ГАЗ“.