Романски пилот преживеа авионска несреќа, а неколку часа подоцна почина во друга

Неколку часа откако преживеа една авионска несреќа, пилот на мал авион почина во Романија во друга несреќа, исто со авион.
Паѓањето на малиот авион, ICP Savannah S, се случи вчера околу 19 часот во општината Јуриловец на брегот на Црното Море во Романија, кратко по полетувањето.
54-годишниот пилот кој почина имал повеќе од 200 часа летачко искуство, а само неколку часа претходно преживеал пад на сличен авион во кој летал со својот 18-годишен син.
Уште едно лице загина во несреќата
Потоа нивниот авион се превртел при слетувањето, но двајцата избегале без повреди.
Тие повикале други пилоти да ги транспортираат од местото на несреќата и патувале во посебни авиони, од кои едниот се срушил, објави романската Pro TV.
Двајца лица во авионот ги загубиле животите во несреќата.