Републиканците ја презедоа и контролата на Сенатот
Не само Белата куќа, туку Демократската партија на гласањето во вторникот ја загуби и контролата на Сенатот. Досега демократите имаа 51 сенатори, а сега републиканците ќе имаат 51, ако не и повеќе.
На секои две години се гласа за една третина од 100-члениот Сенат и на овие избори многу демократски сенатори требаше да ги бранат своите места во комплицирана политичка околина. Републиканецот Берни Морено го освои сенатското место во Охајо, што веројатно беше најтешката битка за демократите. Морено го победи актуелниот сенатор Шерод Браун. Победата на Мороено го обезбеди мнозинството од 51 глас. Интересно е што Шерод Браун победи во сенатската трка во 2018 кога Доналд Трамп беше претседател, а сега изгуби кога Џо Бајден е во Белата куќа.
Демократите се на пат да го изгубат и сенатското место во Монтана, каде што броењето не е завршено. Во другите трки актуелните сенатори ги задржаа своите места: меѓу другите, демократите Берни Сандерс и Еми Клобучар, а кај републиканците Тед Круз во Тексас.