Рекордна температура на арктичкиот архипелаг Свалбард
Норвешка– Норвешкиот архипелаг на Арктикот, Свалбард, вчера го урна апсолутниот рекорд со измерената температура од 22 степени Целзиусови, соопшти Норвешкиот метеоролошки институт.
Со 21,7 степени измерени во 18 часот по локално време во близина на местото Лонџербјен, архипелагот го имаше најтоплиот ден во истроијата, поточно откако почна мерењата на температурата во областа.
Групата острови, познати како Спицберг, се наоѓаат на 1.000 километри од Северен пол.
Во јули, најтоплиот месец на Арктикот, температурите во Солбард се движат меѓу 5 и 8 степени.
Научниците велат дека Арктикот се затоплува двапати побрзо од остатокот на планетата.
Свалбард е познат по поларните мечки, но во тој архипелаг има и рудник за јаглен, а станува збор за енергија што испушта најмногу гасови со ефект на стаклена градина, пренесува Хина.
Во Свалбард, исто така, е сместенаи „Вегетациската Ноева арка“, банката што ги чува семињата за иднината во случај на катаклизма, основана во 2008 година.