Ранети осуммина во Шведска, можен терористички напад


Најмалку осум луѓе се ранети во напад со нож во Ветланда во Шведска, пренесоа медиумите.

Според првичните информации од локалните медиуми, наводно се работи за терористички напад, пренесува „Спутник“.

Азилант на воздарст од дваесетина гидни бил пренесен во болница, откако бил ранет во ногата во пукање од полицијата, а потоа бил пренесен во притвор, откако го извршил нападот, попладнево.

Полицијата најпрво го окфалификува нападот како обид за убиство, но подоцна издаде изјава во која се вели дека се работи за сомнение за терористички напад.