Пуштен во употреба базен во Карпош, почнат во 2023 година
Денеска официјално беше пуштен во употреба новиот базен кај спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Скопје, што почна со изградба во 2023 година.
На отворањето присуствуваа министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, .
Базенот е од затворен тип со должина од 25 метри и ширина од 9 метри, кој по пуштањето во употреба, ќе биде предаден во владение на Општина Карпош.
Изградбата на базенот започна во 2023 година од тогашната Агенција за млади и спорт, но
проектот подоцна беше оставен недовршен. Министерството за спорт, во рамките на Програмата за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура, го отпочна процесот на откочување на затекнатите и заглавени инфраструктурни проекти, обезбеди средства и ја заврши нивната реализација со цел тие што поскоро да бидат ставени во функција на спортот и на граѓаните.

Министерот за спорт Борко Ристовски ја истакнаа важноста на инвестициите во спортската
инфраструктура како предуслов за развој на спортот, рекреацијата и здравите животни навики кај младите.
„Министерството за спорт продолжува со реализацијата на сите оние капитални проекти коишто беа заостанати. Имаме обврска да ги завршиме проектите кои ги затекнавме на почеток на градба и да ги ставиме на располагање на граѓаните. Ова е шестиот базен кој Министерството за спорт го завршува или е во завршна фаза, а ја почнуваме и изградбата на базените во Струмица и во Кавадарци. Продолжуваме да инвестираме во она што сметаме дека е најважно, а тоа е спортската инфраструктура – рече министерот Ристовски нагласувајќи дека ваквите инфраструктурни проекти имаат голема важност. „Ова е еден од оние проекти кои имаат не само спортска, туку и многу поголема важност бидејќи тие се наменети првенствено за најмладите, да пливаат, да спортуваат и да учат вистински вредности“, додава министерот.
Мицкоски нагласи дека „ветувањата што се дадени треба и да се реализираат“ и дека Владата
ќе продолжи да работи посветено во таа насока и во наредниот период.
Претходно беа завршени и предадени на општините базените во ООУ „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода и во Штип, а наскоро во употреба ќе бидат пуштени и затворените базени во Битола, Кичево и во Општина Ѓорче Петров, а Министерството за спорт ја почна и изградбата на базените во Струмица и во Кавадарци.

„Ние како Влада продолжуваме посветено да работиме заедно со општините во насока на завршување на проектите коишто преку две Програми и два повика од Министерството за локална самоуправа беа објавени, некаде околу 350 милиони евра. Сите оние други проекти коишто Министерството ги финансира преку други програми со директна инвестиција од Владата до општините за капитални инвестиции ќе бидат постапно реализирани.Тоа е инвестициската активност којашто оваа Влада во изминатите нецели две години ја релизира, најмногу во соработка со општините, и во таа насока ќе продолжиме и во периодот што следи“, рече Мицкоски.