Суво дрво се скршило и оштетило возило на „Волгоградска“ – скопјанка прашува каде да реагира што службите „спијат“
Во Фејсбук групата „Заедно, за заштита на зеленилото во Карпош“ беше споделена објава во која се посочува дека суво дрво се скршило и оштетило возило до степен што тоа веќе не било за употреба.
Во објавата, скопјанката Марија објаснува дека дрво на улицата Волгоградска 4 имало обележано со црвена боја буква „С” за сечење скоро цела година, а можеби и повеќе, а другото до него, кое исто така стоело суво, се скршило и го оштетило возилото на нејзиниот сосед.

„Другото до него исто суво само се скрши и оштети кола на сосед до тој степен што возилото не е за употреба. Прашањето ми е каде да се реагира што службиве спијат? Дали ќе се чека да падне само од себе врз дете или повторно врз возило“, прашува оваа скопјанка во објавата.