Ни унгарскиот кредит не помогна за капиталните инвестиции: За јавен превоз само 8,2 отсто, за градинки помалку од 50 отсто реализација


 

Нецели 30% реализација на капиталните расходи за урбанистичко планирање, само 8,2% остварување на инвестициите во јавниот превоз. Јавните инвестиции во секторите кои треба да го подобрат квалитетот на животот , водоводна инфраструктура, депонии, енергетска ефикасност, се остварени со околу 50% или помалку, пишува Порталб.  Во 2025 година , и покрај финансиската инјекција од Унгарскиот кредити, општините со “лазечко темпо“ ги реализирале поважните капитални инвестиции.

Капитални инвестиции на општините

“Капиталните инвестиции остануваат ограничени од институционални и процедурални фактори“ – со ова образложение,  во новиот Годишен извештај за 2025 година за спроведување на Националната развојна стратегија 2024-2044, се објаснува ниското и ограничено ниво на капитални инвестиции од страна на општините во државата. И покрај тоа што во 2025 година на локалните самоуправи веќе им беа инјектирани пари од Унгарскиот кредит, финалната анализа покажува дека носечките капитални инвестиции во одредени сектори не се реализирале ниту половина во однос на планот.

Најголемо потфрлување од 91,8% има кај капиталните инвестиции за јавен превоз, конкретно општините потрошиле скоро 1.300.000 милиони евра или само 8,2% од сумата што била планирана за целата година.  Иако лани за капитални инвестиции во основното и во средното образование во општините биле планирани скоро 20.000.000 евра, на крајот на годината регистрирано е значајно отстапување, реализацијата на јавните инвестиции во средното образование изнесувала само 32,2% а во основното 43,9%. Но, во извештајот се наведува дека во делот на програмите за образование имало висока реализација од скоро 100%.

Не само кај јавните инвестиции за основни и средни училишта, значајно потфрлување има и кај вложувањата за изградбата на градинки на локално ниво, лани реализација од само 46,2%.  Од вкупната сума за решавање на еден од најгорливите проблеми, паркирањето, во текот на 2025, биле потрошени само 41,8%.

                Реализација на капитални расходи на општините     евра             %

Капитални расходи за јавен превоз                                             1.298701       8,2%

Урбанистичко планирање                                                              1.524.455      26,8%

Капитални расходи за средно образование                              1.267.856      32,2%

Изградба на простор за паркирање                                           1.018.785        41,8%

Капитални расходи за основно образование                           6.764.459       43,9%

Капитални расходи за детски градинки                                     4.210.268       46,2 %

Поттикнување на развојот на туризмот                                          575.351      46,1%

Одведување и прочистување на отпадни води                          121.974        47,1%

Проекти за енергетска ефикасност                                                 1.203.189    48,3%

Изградба на депонии за отпад                                                       345.689         51,3%

Капитални расходи за уредување во рурални подрачја          1.039.846     51,7%

Капитални расходи за месна самоуправа                                    140.000       51,7%       

Изградба, реконструкција на локални патишта и улици       65.403.871     68,2%

Извор : Извештај на Влада

Според владата, ваквите показатели се правдаат со комплицирани тендерски процедури и ограничени капацитети на локалните власти.

„Значително пониски стапки на реализација, односно под 50% се евидентирани кај повеќе капитални програми, вклучително и капиталните расходи за јавен превоз 8,2%, заштита и спасување 1,6% и 37,9%, родова еднаквост 45,0% и изградба на простор за паркирање 41,8%. Овие отстапувања најчесто се поврзани со комплексноста на процедурите за јавни набавки, ограничените административни и технички капацитети на ЕЛС, како и со специфичната динамика на капиталните проекти, кои подразбираат подолги фази на подготовка, одобрување и имплементација“, се наведува во извештајот.

Една од повисоките суми, скоро 96.000.000 евра беше планирана  за инвестиции во локални патишта и улици, но на крајот од 2025 година реализацијата во овој капитален сегмент изнесувала само 68,2%. Значајни инвестициски отстапувања има и во други сектори кои подразбираат поквалитетен живот за граѓаните. Конкретно капиталните расходи за уредување во рурални подрачја  имаат остварување од 51,7%,  за одведување и прочистување на отпадни води реализацијата е  47,1% а за изградба на депонии за отпад   51,3%.

Според податоците од извештајот, лани повеќе пари од планираното биле потрошени за програми за јавниот локален превоз на патници и за програми за одржување на паркови и зеленило.  Годишниот извештај за 2025 година за спроведување на Националната развојна стратегија 2024-2044 е испратен во Собранието за усвојување.