Пуштање во употреба нов трансформатор во ТС „Битола 2“
Нов 400/110-киловолтен трансформатор во трансформаторската станица „Битола 2” денеска ќе биде официјално пуштен во употреба.
Инвестицијата е во износ од 2,4 милиони евра, сопствени средства на АД МЕПСО. Капиталниот проект е во функција на подобрување на електроенергетската инфраструктура во земјава.
На настанот ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на МЕПСО, Куштрим Рамадани.