Приштина тврди дека Радојчиќ е „балкански Ескобар“, а не борец за права (ВИДЕО)


Косовската полиција, која денес вршеше претрес во куќата на потпретседателот на Српската листа, Милан Радојчиќ, објави снимка од внатрешноста за да ја поткрепи својата пропаганда дека не станува збор за борец за права туку криминалец.

-Тој не е „борец за слобода“, туку Пабло Ескобар од регионот кој стана мултимилионер на сметка на сограѓаните, напиша косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свеќља на својот Фејсбук профил.

Контроверзниот бизнисмен и потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ се најде во центарот на немирите како учесник во вооружениот конфликт во селото Бањска. Станува збор за косовски бизнисмен кој е поврзан со бројни измами преку неколку фирми што ги поседува кој е  ставен на црната листа на САД и Обединетото Кралство.