Претрес во канцелариите на „Порше“ поради сомневање за корупција


Канцеларијата на јавниот обвинител во Штутгарт соопшти дека се претресени канцелариите на производителот на спортски автомобили „Порше“, поради сомневање за подмитување ревизори заради добивање даночни информации.

Обвинителите се сомневаат дека „службеник од Канцеларијата за ревизија на деловни објекти во Штутгарт му откривал доверливи информации на даночниот советник на компанијата „Порше“ и прифатил надомест во замена, се наведува во соопштението.

Речиси 200 полицајци и обвинители ги пребарале канцелариите во компанијата, даночните служби, приватните куќи на даночниот советник во Штутгарт и околината во потрага по печатени и дигитални документи.

– Шест лица, меѓу кои и некои од раководството на компанијата, можеби сториле измама на штета на „Порше“, се наведува во соопштението.

На почетокот на мај, „Порше“ се согласи да плати парична казна од 535 милиони евра поради скандалот  „diseselgate“.

Матичната компанија на „Порше“ – „Фолксваген“ призна дека во 2015 година во 11 милиони возила вградила софтвер со кој се овозможува фалсификување податоци за емисиите на штетни гасови.