Познато е колку пари Реал ќе треба да ѝ плати на Бенфика за да го доведе Мурињо


Откако Фабрицио Романо го објави враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, познато е и колку пари ќе заработи Бенфика.

Во договорот на Мурињо со Бенфика, кој важи до летото 2027 година, постои клаузула која му гарантира на португалскиот клуб значителна отштета ако Мурињо оди на Бернабеу.

Според португалскиот „Рекорд“, Реал ќе мора да ѝ плати на Бенфика 7 милиони евра за да го доведе Мурињо.

Клаузулата е активна во многу краток временски период – Мурињо може да оди во Реал за 7 милиони евра само во рок од 10 дена по последниот натпревар од сезоната, што дефинитивно ќе се случи со оглед на тоа што Романо објави дека договорот ќе биде потпишан на 23 мај.

Бенфика веќе контактирала со потенцијални замени за Мурињо, а актуелниот тренер на Фулам, Марко Силва, е на врвот на листата.