Последните три месеци беа најтоплите досега забележани на Земјата
Последните три месеци беа најтоплите досега забележани на Земјата, објави Светската метеоролошка организација (СМО), специјализирана агенција на ОН.
Агенцијата на ОН, повикувајќи се на податоци од Европската служба за климатски промени, Коперник, понатаму рече дека август е најтоплиот месец забележан со „голема разлика“ и втор најтопол месец по јули 2023 година.
Се проценува дека август бил за околу 1,5 степени Целзиусови потопол од прединдустрискиот просек.
Највисоката глобална просечна месечна температура на површината на морето од 20,98 степени е забележана и во август.
„Нашата планета штотуку издржа сезона на вриење – најжешкото лето досега. Започна климатскиот колапс“, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.