Полска регистрираше 25.052 заболени, најмногу од ноември


Полска денеска регистрираше високи 25.052 нови позитивни случаи на корона виусот, што е најмногу во еден ден од ноември лани, објави Ројтерс. Во исто време, и бројот на смртни случаи е прилично висок – 453.

Земјата која има 38 милиони жители досега има 1.956.974 случаи и 48.032 починати.